Градоначалникот, Мукрем Мехмеди денес во 11 часот како гостин во емисијата “чекориме заедно” на Македоско радио 1 радио Скопје најави

градежна експанзија на целата територија на нашата општина во наредните три години. Градоначалникот ги презентираше проектите кои се во тек на реализација како и планираните проекти кои треба да одпочнат со реализација во наредниот период, исто така одговараше на прашања од наши сограѓани за прашања од инфраструктурни проекти како и проекти кои ќе го раздвижат туризмот во нашиот регион. Покрај други планирани проекти, mukrem mehmediГрадоначалникот, Мехмеди ги спомна капиталните проекти кои треба да се реализираат во најран временски период како што се: Целосна реконструкција на локалниот патен правец од с. Ростуша до с. Велебрдо. Целосна реконструкција на локалниот патен правец од Жировничко анче до с. Жировница. Изградба на нов пристапен пат до с. Скудриње. Изградба на водовод и целосна реконструкција на водоводна мрежа во с. Ростуша. Изградба на нова училишна зграда во с. Видуше како и постаување на парно греење во спортската сала Македонија која е дел од Спортско Рекреативниот Центар “Радика”. Исто така Градоначалникот нагласи дека работата на Општината е отворена и транспарентна и за сите предлози и проекти што доадгаат од страна на населението, помошните тела на советот и општинската администрација со особено внимание ги разгледува и става во процедура за нивна реализација..