Градоначалникот, Мукрем Мехмеди во посета на Полкот за Специјални Операции при АРМ
image

Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, претседателот на Совет, Неџат Исмаили, Учениците од Средното Општинско Училиште Маврово-Ростуша заедно со Директорот, Бајрам Требишки и професори од СОУ беа во посета на Полкот за Специјални Операции при Армијата на Р. Македонија кој реализираше обука во зимски услови на поширокиот регион околу Мавровското езеро.
Учениците од СОУ имаа можност да бидат запознаени со опремата на нашите армиски единици кои ја користат во зимски услови за изработка на објекти за престој, маршеви во зимски услови, прва помош и санитетска обука во мерки и постапки во зимски услови, исто така беа сведоци на гаѓање со малокалибарски пушки и други вежби кои ги реализираше единицата за специјални операции.
Исто така беше направен симулациски напад врз непријателско командно место во која беа користени моторни санки како срество за побрз и поефектен транспорт на војници, влечење на повредени од едно на друго место во зимски услови.
Исто така Градоначалникот, Мукрем Мехмеди имаше кратка средба со Министерот за Одбрана, Талат Џафери, Државниот Секретар за Одбрана, Сашо Стефаноски како и претсавници од Генерал Штабот на АРМ.
image

arm2 arm1 arm4 so arm