Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди беше домаќин на работна средба во рамките на регионалната програма за културно и природно наследство на Југоисточна Европа која ја спроведува Советот на Европа преку „Пилот проектот за локален економски развој на Дебар и Река“. на работната средба се зборуваше за превземање на активности од областа на културното наследство и промовирање на истите. На состанокот беа присутни Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Виктор Лилиќ, Проект асистентот на Пилот проектот од општина Маврово и Ростуша, Шенол Имери, Директорот на НП Маврово, Онер Јакупоски, Проект координаторот на Пилот проектот, Снежана Герасимова Матеска, Проект менаџетот на Пилот проектот, Орхидеја Зорова, како и преставници од општина Дебар, Селим Беќири и Решат Мемети. На состанокот се донесе заклучок за уредување на мостот Елен Скок како и негово промовирање како туристичка атракција со што би се допринесло за развој на руралниот еко туризам. Учество за реализација на активностите ќе земаат Општина Маврово и Ростуша, Општина Дебар, Националниот парк Маврово како и Советот на Европа.
DSC00054