Поради снежната покривка над најубавиот регион во нашата Македонија, пошумување се вршеше по долината на реката Радика. Во денешната есенската акција за садење дрво под мотото “засади здравје, засади здрава иднина” се вклучија и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди и Директорот на НП Маврово, Онер Јакупоски заедно со вработените од општинската администрација, директорите, вработените и учениците од ОУ и СОУ, вработените од националниот парк, како и граѓани од нашата општина.

Ние како Општина покрај уставната обврска, земаме учество и придонес за заштита на природата, грижејќи се за природата се грижиме за нашето здравје, постојаното пошумување е еден од подобрите начини за грижење на природата. Во тој контекст денешниот ден го одбележуваме со засадување багремови и дабови дрвца, изјави Мехмеди.

den na drvo2 den na drvo1