Градоначалникот, Мехмеди и членот на УО на ЕВН-Мекедонија, Гиевски на работна средба со граѓаните.
Како резултат од работните средби што ги имаше Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди со Претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, денес членот на управниот одбор на ЕВН- Македонија, Игор Гиевски заедно со Градоначалникот, Мукрем Мехмеди беа на работна средба со граѓани од населените места Жировница, Ростуша, Требиште, Скудриње како и во Мавровскиот регион се со цел да се детектираат актуелните проблеми кои го тиштат нашиот градѓанин како и изнаоѓање на брзи решенија за истите. Претставникот УО на ЕВН-Македонија, Игор Гиевски укажа на честиот контакт што го има со Градоначалникот, Мехмеди од кого лично е запознаен со низа проблеми што ги имаат нашите граѓани по разни основи со ЕВН, како и дека граѓаните на нашата општина се меѓу најлојалните потрошувачи на електрична енергија во делот на навремено подмирување на сметките за електрична енергија и поради оваа причина, нашата општина влезе во “Мастерпланот”- инвестициска програма на ЕВН-Македонија за 2014 година со кој се предвидува поставување на нова далноводна траса со што ке се подигне квалитетот на дистрибуција и снабдување со електрична енергија. За решавање на останатите проблеми по барање на Градоначалникот, Мукрем Мехмеди секоја последна среда од месецот во просториите на Општината ке доаѓа стручен тим од ЕВН-Македонија чија обврска ќе биде да изнајде решенија за сите проблеми кои ги имаат нашите градѓани со оваа компанија.

evn