Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски учествуваше на работилница – Тркалезна маса, на тема Маврово – дестинација за спортско качување во подем.
Денес во Трница од страна на ИМЕ – Програма за зголемување на пазарната вработливост, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, Француската амбасада во Скопје и Македонската спортско качувачка федерација, беше организирана средба на тема – Маврово дестинација за спортско качување во подем.
Модератор на оваа тркалезна маса, Маврово – дестинација за спортско качување во подем, беше Тања Георгиевска која воедно е и голем љубител на планинарењето и со големо искуство и одличен познавач на ваквиот вид на спортско рекреативен туризам.
На оваа средба присуствуваа и Градоначалникот Медат Куртовски, директорот на НП Маврово Самир Ајдини, претставници од Француската амбасада во Скопје, генералниот секретар на Спортко качувачката федерација, Ване Наумов, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љлупчо Јаневски и претставници на спортски федерации од оваа категорија на спорт од РСМ и Р. Франција.
Во своето обраќање Градоначалникот Медат Куртовски, изрази голема благодарност до организаторите на оваа средба, која е од исклучително значење за развојот на алтернативниот туризам во Нашата Општина.
Исто така изјави дека, Општина Маврово и Ростуше е општина, која нуди многу можности за развој на секаков вид на туризам како зимски така и летен.
Особена чест е тоа што преку реализирање на овој проект, кој е ретка можност за развој на спортско – качувачкиот туризам, ќе допринесеме во реализација на уште една спортска содржина плус, во можностите на понуди во Мавровско – Реканскиот регион. Со што ќе допринесеме да доаѓаат што повеќе туристи од странство и дома.
На крајот, Градоначалникот изјави дека Општина Маврово и Ростуше ќе даде се од себе, да го добие заслуженото место на Светската карта на посакувани дестинации за секаков вид на туризам.