Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски присуствуваше на свеченоста на НП Маврово по повод 70 години постоење.

„Над 90% од Националиот парк припаѓаат на територијата на Општина Маврово Ростуше. Нашите надлежности често се испреплетуваат и ние многу добро соработуваме. Јас сум убеден дека така ќе остане и во иднина. Таа врска се градела со децении и останува како обврска и за идните генерации“, нагласи градоначалникот.

На свеченоста присуствуваа голем број гости, соработници, поддржувачи како и личности од јавниот и политичкиот живот.