Градоначалникот Медат Куртовски одржа работна средба со Градоначалникот на околија Дибра Р. Албанија Хајри Лачи за можно заедничко аплицирање на проекти на ЕУ од програмата за меѓугранична соработка.
На средбата присуствуваа и претставници од НВО од Р.Македонија и Р. Албанија како и Претставници од бизнис секторот од двата региони.
На средбата двете страни се договорија заедно да аплицираат проекти кој ќе бидат од интерес на своите граѓани а ќе допринесат за развивање на руралниот туризам во двата региони.