Градоначалникот Медат Куртовски и Претседателот на Советот на Општината Алил Алили на лице место се запознаа со одвивањето на активностите и динамиката на градежните работи во с.Требиште.
Во тек се градежни активности во с. Требиште каде се врши реконструкција на дел од селската водоводна мрежа. Проектот е со вкупна вредност од 1.605.243 денари срества обезбедени од сопствениот буџет на Нашата Општина.
Со реализација на овој проект нашите жители од с. Требиште ќе добијат поквалитетна вода за пиење како и ќе се регулираат губитоците на вода кои беа чести, поради досегашната дотраена водоводна мрежа во селото.
Општина Маврово и Ростуше искажува голема благодарност до Месната Заедница и сите жители на Требиште за нивната ажурност и ангажираност се со цел за поквалитетно и побрзо реализирање на овој проект, кој е од витално значење за сите жители од Требиште.