Градоначалникот Медат Куртовски имаше работна средба со претставници од Хуманитарната организација Еурохуман-Интернационал.
На средбата беше разговарано за активностите кои ги реализира оваа организација, начинот, формата и можностите за соработка помеѓу нашата институција и население со оваа организација, со цел ние како Општина а воедно и нашето население да допринесеме спрема нашите можности во борбата против гладот, во помош за децата со посебни потреби, деца без родители, самохрани мајки, изнемоштени лица и социјално загрозени семејства.