Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски имаше работна средба со Директорот на Институтот на земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Влатко Шешов.

Од како во текот на вчерашниот ден, на територијата на Општина Маврово и Ростуше, беа регистрирани неколку земјотреси, Градоначалникот Медат Куртовски оддржа работна средба со Влатко Шешов , директор на ИЗИИС.

Институтот на земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, е научноистражувачка и високообразовна установа како единица во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
На средбата беше разговарано за вчерашните земјотреси, кои ја погодија територијата на Општина Маврово и Ростуше, опасностите и мерките кои треба да се превземаат за последиците бидат сведени на најмало ниво.
Исто така беше разговарано за поставување на инструменти за регистрација на сите потреси на земјата кои би се поставиле кај нас. Со поставување на овие мерни инструменти би се следеле целата состојба со потреси на земјата на територијата на Општина Маврово и Ростуше.
Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Влатко Шешов, истакна дека ова се очекувани потреси на нашата територија и дека населението треба да биди присебно и без паника да ги превзема потребните чекори при вакви потреси.
На средбата беше констатирано дека се мапираат сите локалитети каде во текот на вчерашниот ден, имаше одрони на карпи и друг земјен материјал, како би се превезле неопходните мерки за нивна санација.
Договорено е да се изврши обука на нашите стручни служби, во врска со оваа проблематика, како би дошло до изградба на квалитетни градби, кои ќе бидат поотпорни од овие несакани појави на земјотреси.