Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски имаше работна средба со Претседателот Фуат Бичиџи и членови на управниот одбор на Клубот на наши иселеници од Измит Р. Турција, како и со претставници на Стопанската Комора на Измит Р. Турција кои се по потекло од Реканскиот регион.
На средбата беше разговарано за продлабочување на меѓусебната соработка, можностите за инвестирање во Нашата Општина, како и одржување на роднинските врски со нашинците кои живеат во Р. Турција.