Градоначалникот Медат Куртовски имаше работна средба со претседателот на Балканската Кооперација од Измир, Хамза Јавуз и неговиот помошник Мустафа Ватансевер.
На средбата од страна на претседателот Хамза Јавуз беше претставен планираниот проект назначен како Балканско село кое треба да се гради во Измир Р. Турција со цел зближување, едукација и други активности од областа на претприемаштвото, заедничко инвестирање во покрупни проекти од сите земји од Балканот, како место на кое ќе се остваруваат најразлични средби на млади, студенти, бизнисмени идр.
Градоначалникот Куртовски ги претстави сите олеснувања што ги нуди државата и општината на инвеститорите кои саккат да инвестираат тука исто така изрази благодарност и задоволство за остварената средба на која нагласи дека Општината ќе стори се што е во нејзина надлежност да допринесиме за развивање на меѓусебните односи како и за привлекување на што повеќе инвеститори во нашиов регион.