Градоначалникот Медат Куртовски имаше работна средба со лидерот на проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот Регион финансиран од Швајцарскиот Државен Секретаријат за економски прашања – СЕЦО, Матхиас Шоентелд.
На средбата беше дискутирано за сите активности кои треба да се превземаат во наредните две години кои ќе се реализираат во четири фази.
Општина Маврово и Ростуше ќе земе активно учество во сите овие фази се со цел долгорочно да се среди функционирањето на овој систем со кој ЈПКД – Маврово непречено ќе го транспортира собраниот отпад во депонијата Русино која треба да биде изградена по сите ЕУ стандарди.
На средбата присуствуваа и Директорката на ЈПКД – Маврово, Александра Матеска и Заменик Директорот Кемал Исметович.