Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски заедно со Министерот за Транспорт и Врски, Горан Сугарески, директорот на НП Маврово, Самир Ајдини и директорот на ЈПДП, Зоран Китанов извршија увид на градежните работи кои се изведуваат на регионалниот пат Маврово – Ниќифорово, каде се врши целосна реконструкција, проширување и асфалтирање на траса долга 6,6 км, кој чини 52,5 милиони денари.
Исто така извршен е увид на градежните работи на патниот правец Маврово – Жировница.
Градоначалникот Медат Куртовски го запозна Министерот Сугарески со сите критични места на регионалните патишта низ Нашата Општина кај што треба брза и навремена санација и заштита за да биде безбедноста во сообраќајот на задоволително ниво, како што се мостовите под Скудриње и Ростуше, свлечиштето после брана Маврово и други критични точки.