Градоначалникот г-дин Мукрем Мехмеди учествуваше на средба со хотелско-угостителските менаџери во Маврово.

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди учествуваше на средба со хотелско-угостителските менаџери кои егзистираат во нашата општина а која беше организирана под покровителство на Министерството за Животна средина и Просторно планирање, Националниот Парк „Маврово” и Општина Маврово и Ростуша.
Градоначалникот Мехмеди во својот говор истакна дека овој регион треба да се развива сто побрзо со што би станал се подобро место за живеење за сите граѓани од нашата општина а за мене како градоначалник главен приоритет ми е создавање подобри услови за живот на нашиот граѓанин и во иднина сите мои ангажмани како прв човек на општината ке бидат во таа насока. Исто така истакна дека развој и унапредување на туризмот како и се поактивно промовирање на убавините и специфичните карактеристики кои се дел од нашето секојдневие, е од заеднички интерес како за нашата општина така и за сите останати институции во државата.
Свое излагање имаа директорот на Националниот Парк „Маврово” Онер Јакупоски и Државниот секретар во Министерството за Животна средина и Просторно планирање г-ѓа Соња Липиткова која говореше за развојот и унапредувањето на туризмот, заштитата на животната средина и нејзино унапредување како и разгледување на предизвиците со кои ќе се сретниме во иднина.
mukrem_mavrovo_hotel