Советот на Општина Маврово и Ростуше одржа вондредна седница со единствена точка на дневен ред, Информација и разгледување на предлог барањата на граѓаните и приватните субјекти до ЕВН-Македонија поради се почестиот прекин на електрична енергија на територијата на Нашата Општина. 
По долгата расправа од страна на сите советници се даде целосна подршка на граѓаните околу нивниот револт и барања кои ги имаат кон ЕВН-Македонија.
Советот на Општината едногласно на барање на граѓаните ги усвои следните заклучоци:
1. ЕВН-Македонија да обезбеди континуирано снабдување со електрична енергија на целиот регион. 
2. Формирање на дежурна служба која ќе работи на територијата на Општината и која навремено ќе излегува во пресрет на сите барања на граѓаните и правните субјекти и навремено ќе ги решава сите новонастанати проблеми. 
3. ЕВН-Македонија целосно да ги реконструира сите доводни и селски мрежи за снабдување со електричн енергија. 
4. ЕВН-Македонија да ги надомести сите материјални и нематеријални штети настанати како последица од прекинот со снабдување со електрична енергија на сите физички и правни субјекти кои работат во погодениот регион. 
5. Долгорочно ЕВН-Македонија да излезе со конкретен проект кој ќе обезбеди дополнителен крак за поврзување и снабдување со електрична енергија на регионот.
6. ЕВН-Македонија во рок од 10 дена да се произнесе позитивно по овие заклучоци, во спротивно граѓаните и правните субјекти ќе ги превземаат сите законски мерки за исполнување на истите.
7. Овие заклучоци влегуваат во сила со денот на нивното донесување а ќе бидат доставени до ЕВН-Македонија и во ”Службен Гласник на Општина Мврово и Ростуше”. 

image