После обилните дождови и врнежи од снег кои го зафатија нашиот регион, на локалниот пат Велебрдо – Требиште имаше одрон од земјен шут со кој беше прекинат сообраќајот на овој правец.
Општината преку ангажирање на фирма успеа за нецели триесеттина минути да го одстрани шутот и го пушти патот во употреба.