Бизнисмени од различни индустриски гранки, членови на стопанска комора на градот Коџаели – Р. Турција во рамките на посетата на нашата општина имаа работна средба со Градоначалникот Мукрем Мехмеди и Претседателот на Советот, Неџат Исмаили. На средбата беа запознаени со структурата, природните богаства постоечкиот ски центар Маврово, можноста за вложувања во зимскиот туризам, можноста за отворање мали и средни препријатија во лесна и незагадувачка индустрија, како и сите предности кои ги нуди нашата општина за влез на странски капитал преку отворање на планираните индустриски зони кои ќе нудат поволности. Оваа средба претставува уште еден показател за ангажираноста, интензивната работа и отворениот дијалог на општината со сите фактори кои можат да допринесат за развој на овој регион. Гостите од Коџаели изразија голема благодарност за срдечниот прием со надеж дека еден ден нивните компании ќе донесат одлуки за инвестирање токму во Мавровско – Реканскиот регион.
izmit izmit 1