Фолклорна група од Средното Општинско Училиште „Маврово – Ростуше“ од Ростуше од 10 до 15*ти овој месец учествуваше на големиот Балкански Фолклорен Фестивал што се одржа во турскиот град Измир.

Главниот настап фолклорната група го имаше на централниот плоштад во Измир, на кој присуствуваа повеќе илјади македонски иселеници кои живеат во Турција, а младите рекански фолклористи беа нагредени со бурни аплаузи, овации и скандирања со извикување на името на Нашата држава Македонија.
Покрај секојдневните настапи на главниот градски плоштад во Измир, Фолколрната група имаше секојдневни настапи на различни локации во Општини кои се дел од Измир каде што преку ора и песни го пресликаа Долнореканскиот фолклор, традиција и обичаи, и како единствени претставници од Р. Македонија имаа чест како културни амбасадори пред големата балканска публика преку Македонски ора и песни да ја презентираат и богатата Македонска традиција и култура.
На фестивалот учество зедоа и ансамбли од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија, Косово, Грција, Бугарија, Романија и Турција.