Амбасадорот на Р. Италија во Македонија, Ернесто Массимино Беллелли денес беше во работна посета на Нашата Општина.
Амбасадорот, Ернесто Массимино Беллелли оствари работна средба со Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, на средбата присуствуваа и државниот секретар во Министерството за Локална Самоуправа, Билјана Цветановска Гугоска како и претставници од бирото за регионален развој.
на средбата Градоначалникот, Мукрем Мехмеди ги информира за активностите на локалната власт, за актуелната економска состојба, за можностите кои ги нуди општината за влез на странски капитал се со цел да се отворат нови работни места, за меѓусебната поврзаност помеѓу нашиот регион и Р. Италија преку нашите сограѓани кои се на привремена работа во Италија како и за нови иницијативи за продлабочување на меѓусебните економски врски и можности за реализација на нови проекти со кои би се подобриле условите за живот во нашиот регион. Градоначалникот, Мукрем Мехмеди исто така побара од Амбасадорот на Р.Италија, италијански компании да инвестираат во овој регион кој дава големи и доста поволни можности за инвестиција во повеќе свери.
Исто така се разговараше и за културно историските и природните вредности.

ambasador na italija 4 ambasadorot na italija 2 ambasador na italija ambasador na italija 3