Амбасадорката на Јапонија Н.Е. Кеико Ханеда во посета на Нашата Општина.
Денес Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски имаше работна средба со Амбасадорката на Јапонија Н.Е. Кеико Ханеда, после остварената средба се потпиша договор за грант добиен од страна на Јапонската амбасада.
На средбата присуствуваа и Претседателот на Советот на Општината Алил Алили, директорката на ЈПКД – Маврово, Александра Матеска, директорот на НП – Маврово, Самир Ајдини и Фатон Асани директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

На предходна апликација подготвена од страна на Општинската Администрација, Општина Маврово и Ростуше доби грант во вредност од 4.156,594 денари од програмата Грантови од Јапонска Амбасада за поддршка на основни проекти за зголемување на човековата безбедност.
Овие срества се со намена за набавка на камион за собирање на отпад марка Митсубиши Фусо Кантер 7Ц15 за потребите на ЈПКД – Маврово.
На средбата се разговараше за продлабочување на меѓусебнта соработка и на други полиња со што би обезбедиле поквалитетна услуга за Нашите граѓани.

По потпишувањето на договорот Амбасадорката на Јапонија даде своја изјава во која ја нагласи одличната соработка со Нашата Општина која ја имаме повеќе од 20 години на проекти кои го подобруваат животот на пријателскиот народ на овие простори.

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше во својата изјава изрази голема благодарност до Амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда и до Јапонскиот народ кој континуирано помага за подобрување на услугите кои ги вршат Општината и другите јавни институции према своите граѓани. Покрај другото во својот говор ги спомена донациите дадени во минатиот период како што се канти за отпад, медицинската опрема која е доделена на Здраствениот Дом во Ростуше како и оваа донација за која се потпиша денес договор.