На терените на Маврово, од 20 до 22 овој месец традиционално и оваа година ќе се одржи тринаесеттиот по ред Аматерски Хуманитарен Велеслалом, Компаниите имаат можност да пријавуваат екипи составени од 3 члена кои се натпреваруваат два дена во квалификационa и финалнa тркa.
Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се оддржа од 7-9 март 2003. Натпреварот се одржа на ски- лифтот „Галички“, во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Бројот на тимови изнесуваше 35 со повеќе од 100 учесници.
Овој настан остварил многу хумани цели, а овогодинешната е да се покажe хуманоста на аматерите кон професионалците. Донацијата од овогодинешната хуманитарна активност ќе биде со цел да им се помогне на нашите атлети од Специјалната Олимпијада на Македонија за што поквалитетни подготовки, учество и видни резултати на овие Летни Олимписки игри, САД 2015.
Покрај официјалниот дел од ова натпреварување, учесниците ќе имаат можност да учествуваат и во неофицијален дел, исполнет со многу забава и изненадувања. Дневните и вечерните забави се одлична можност за дружење и бизнис вмрежување помеѓу компаниите. Секоја година бројот на пријавени екипи расте, допринесувајќи со поголеми донации во хуманите цели зададени во годините што следат, учениците на овој традиционален настан ја покажуваат својата општествена одговорност, вложувајќи во грижата на заедницата, докажувајќи дека секој може да стори и нешто повеќе, а особено за оние на кои што помошта им е и најпотребна.
Освен хуманитарната цел, ова е одлична можност за подигање на тимскиот дух на вашите вработени и уживање во снежните авантури кои ги нуди овој настан, хуманоста пред се, забавата, спортскиот дух во рамки на натпреварите, контактите со можните идни партнери, клиенти во секојдневното работење, пријателствата, се на едно место, во Маврово, од 20-ти до 22-ри февруари 2015 година. mavr 111