Почитувани,
На сите граѓани од православна вероисповед им упатувам искрени честитки по повод христијанскиот празник Божик, со желба да го прослават во мир, среќа и благосостојба.
Божик како празник на мирот и помирувањето, на љубовта и добрината го поттикнува духот на разбирањето, заемното почитување и афирмацијата на религиозните посебности на граѓаните.
Од мое лично име и од името на Советот и Општина Маврово и Ростуше Ви посакувам да го поминете во мир и спокојство големиот христијански празник Божик.
Градоначалник на Општина
Маврово и Ростуше
Мукрем Мехмеди