Акцијата за собирање на хуманитарна помош за настраданите од поплавите во Босна и Херцеговина и Србија успешно беше завршена за само неколку денови во сите населени места од Нашата Општина.
Денес беше товарен еден камион со околу четири тона храна, средства за хигиена и околу два тони облека, ќебиња и други срества за потребите на настраданите од поплавите во соседството.
Градоначалникот, Мукрем Мехмеди и Претседателот на Советот на Општината, Неџат Исмаили упатија голема благодарност до сите хумани граѓани од Нашата Општина кои на било каков начин допринесоа да оваа голема хуманитарна акција заврши успешно. Исто така Општината изрази благодарност до Директорот на СОУ Маврово – Ростуше, Бајрам Требишки и учениците од ова училиште за укажаната помош при складирањето и товарањето на намирниците кои треба да се предадат на Црвениот Крст во Скопје од каде треба да се пренасочат до предвидените дестинации.
Хуманитарна акција
успешно спроведена големата хуманитарна акција во сите населени места на општината