Со богата културно – уметничка програма од страна на учениците од ОУ Блаже Конески од с. Скудриње беше одбележан годинешниот патронен празник на училиштето, на чија церемонија присутни беа Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, Претседателот на Совет, Неџат Исмаили, Директорот на ОУ Кемал Ататурк од Пласница,Ѓулер Шабаноски, директори на јавни препријатија, училишта и наши сограѓани од повеќе населени места.
Во својот поздравен говор Директорот на Училиштето, Амзо Ахмедоски изрази голема благодарност до Турската Агенција за Соработка и Координација “ТИКА” за дадената донација со која комплетно се реконструира училишната зграда со нови прозори, врати, училишен инвентар, фасада, санитарните чворови и библиотеката, како и изкажа благодарност до Градоначалникот, Мехмеди и Советот на Општината за одличната соработка и поддршка што ја даваат на училиштето.
А ние како Општина само можеме да им честитаме и заблагодариме за вложениот труд на Директорот и целиот училишен персонал и учениците за постигнатиот успех.