Во сите Општински Основни Училишта како и во Средното Општинско Училиште екстерното тестирање се одвива според предвидениот концепт од страна на Министерството за Образование и без никакви технички проблеми.
Низ основните и средното училиште на територијата на Нашата Општина оваа учебна година околу 630 ученици треба да бидат екстерно тестирани.
На третиот ден околу 150 ученици беа екстерно тестирани.
Оваа година екстерното тестирање се спроведува по новиот отворен систем на прашања. Директорите на основните и средното училиште велат дека и на третиот ден од екстерното тестирање нема технички проблеми и тестирањето почнало навреме.
Целта на тестирањето е да се процени дали учениците биле оценувани објективно од страна на наставниците во текот на целата учебна година.