реќен и успешен почеток на новата учебна година на сите ученици во општина Маврово и Ростуше. Градоначалникот Медат Куртовски ги посети училиштата во општината каде што лично на наставниците, учениците и родителите им го честита почетокот на учебната година и им посака добро здравје, радост, среќа и да бидат послушни и одлични ученици. На сите првачиња им беше доделен сет со школски прибор. На советот на општината градоначалникот предложи точка на дневен ред со која советот едногласно донесе одлука за исплата на еднократна финансиска помош од 3.000 денари за секое прваче во општината. Ваквата исплата ќе стане пракса во секоја наредна учебна година.








