Општина Маврово и Ростуше беше посетена од заменик амбасадорката на Австралија, Мелинда Рио и почесниот конзул на Австралија во Македонија Зоран Костоски.
Во рамките на посетата одржаа работна средба со градоначалникот на нашата општина Мукрем Мехмеди на која средба Градоначалникот Мехмеди им заблагодари за подршката на Австралиската амбасада во Белград за спроведените активности од областа на екологијата и заштитата на животната средина кои се од големо значење за граѓаните од сите возрасти кои живеат на територијата на нашата општината.
Преку проектот кој беше подржан од Австралиската амбасада, Општина Маврово и Ростуше и невлладината ЗОК – Младина Ростуше се поставија неколку клупи и канти за отпад во неколку населени места, се изврши чистење на дива депонија како и се одржаа повеќе работилници во средното и основните училишта на територијата на општината на кои работилници низ интерактивни игри беше разговарано за подигање на свеста кај младите за зачувување на природата како најважен сегмент за подобар и здрав живот.
Зменик амбасадорката Мелинда Рио и Градоначалникот Мукрем Мехмеди ги посетија Учениците од средното и основните училишта кој беа дел од овој значаен проект за нашето население.