Во организација на Сојузот на стопански комори денеска во Маврово беше промовирана бизнис платформа во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. stopanska komora 1Свое обраќање имаше министерот за локална самоуправа Тахир Хани, евроамбасадорот Аиво Орав, претседателот на ССК Златко Калеников, кој со градоначалниците на Маврово и Ростуше, Мукрем Мехмеди, на Тетово, Теута Арифи, на Гостивар, Невзат Бејта, на Боговиње, Хазби Идризи, и на Јегуновце, Тони Коцевски, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу ССК и Општините во Полошкиот регион за поддршка на бизнис платформата.
Платформата ja сочинуваат мали и средни претпријатија, општини и други локални организации од полошкиот регион, а целта е унапредување на бизнис-соработката меѓу двете земји со акцент на полошкиот регион во Македонија и регионот на Корча во Албанија. подобрување на мерките и политиките, како и поттикнување на директна трговија и соработка помеѓу малите и средни препријатија од двете страни на границата со што би се дала поголема можност за отворање нови работни места за нашите граѓани.stopanska komora