На 16-тата седница што се одржа на 26.12.2022 година, Советот на Општината Маврово и Ростуше го донесе Буџетот за 2023 година. Вкупните приходи се проектирани во износ од 213.736.999 денари, додека вкупните расходи во износ од 245.526.999 денари. Вкупниот дефицит кој изнесува 31.791.000 денари планирано е да се финансира со пренесување на вишокот на приходи остварен во претходните години. И покрај предизвиците што претстојат, Буџетот и оваа година е проектиран во насока на реализација на повеќе капитални проекти кои ќе придонесат во подобрување на патната и комуналната инфраструктура во повеќе населени места како предуслов за раст и развој на општината. За таа цел, во Буџетот за 2023 година планирани се капитални расходи во износ од 70.802.986 денари.
Совет на Општината Маврово и Ростуше
