Советот на Општина Маврово и Ростуше ја оддржа својата 32 седница со која претседаваше Претседателот на Советот, Алил Алили.
На седницата присуствуваа сите Советници и Градоначалникот на Општината Медат Куртовски.
На седницата беа донесени одлуки за вклопување на без правно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација.
Донесена одлука за измена на распоредот на срествата на буџетот на Општината, донесена одлука за одобрување на финансиски срества за санација на училница во ОУ Јосип Броз Тито – Жировница, исто така со предлог на советот на родители и училишниот одбор донесена одлука за промена на името на ОУ Ѓорѓи Пулески с. Ростуше во ОУ Хајан Селмани с. Ростуше.