Со положување свежо цвеќе од страна на Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски на споменикот на загинатите градители, кои во далечната 1956 година 38 градители и 14 храбри граничари го загубиле својот живот при изградба на електросистемот на хидроцентралата во Маврово свечено беше отворен традиционалниот 57 – ми Мавровски меморијал.
Мавровскиот меморијал кој оваа година е организиран под поткровителство на Министерката за Одбрана, Радмила Шеќеринска, се одржува во чест на загинатите градители на хидроцентралата Маврово кои од страшна лавина го загубија животот.
Мавровскиот меморијал е најстариот нордиски куп на Балканот и се вбројува во еден од најстарите нордиски купови во Европа и Светот.
Од 1957 година група на ентузијасти со цел да не се заборави големото дело на загинатите градители и спасувачи го организираа првиот куп наречен Мавровски меморијал.
Отворањето започна со поздравниот говор на Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше.
Градоначалникот Куртовски, потенцирајќи ја важноста на спортувањето, посебно убавината во зимските спортови, на сите натпреварувачи од Македонија и од другите Балкански и Европски држави им посака голем успех на овогодишниот куп како и пријатни мигови во најубавиот и најживописен крај во Македонија.
Свечено отворен 57-миот Мавровски меморијал
