Реакција – демант на напишани невистини и обвинувања на интернет порталот МКД.мк

Почитувани,

Општина Маврово и Ростуше, ги отфрла сите обвиненија кои денес беа објавени на интернет порталот МКД.

И уште еднаш сакаме да укажиме дека, Општината со сите свои механизми, работи во интерес на своите граѓани и во иднина ќе продолжи со позасилено темпо да ги решава сите проблеми на своите граѓани во согласност на законите на РСМ.

  • Во врска со обвинувањата за владеењето на урбанистички хаос на територијата на Општина Маврово и Ростуше, категорично ги отфрламе ваквите неточни тврдења и невистини. Сакаме само да потсетиме дека Општината работи само врз основа на Законот за Градење, Законот за Урбанистичко Планирање, и се води соодветна постапка соглассно Законите на РСМ.
  • Во врска со обвинувањата за неконтролирано издавање на градежни дозволи од страна на Општината, сакаме да ја известиме јавноста дека, сите одобренија кои се издадени од наша страна, се издадени согласно Законот за Градење, Законот за Урбанистичко планирање како и важечките правилници за Урбанистичко планирање. По поднесување на соодветна документација  за предвидениот објект од страна на барателот, доколку истата е комплетна и нема никакви недостатоци, тогаш општината врз основа на законот е должна да издаде дозвола за градба на барателот.
  • Врз основа на обвинувањата за наводна изградба на Џамија на влезот на Маврови Анови, Општина Маврово и Ростуше, тврди дека, до сега до општината не е поднесено барање за изградба на верски објект – џамија, и Општината нема издадено одобрение за градба на таков објект. На парцелата која ја споменувате во вашата објава, во тек е постапка на носење на АУП (Архитектонски Урбанистички План), со намена на земјиште А4 (Времено сместување), и до денес за истата Катастарска Парцела, Општината нема издадено дозвола за градба.
  • Во врска со обвиненијата за непочитување на стандарти, загадување на езерото со отпадни води и немање на елаборати за заштита на Животната средина од страна на хотели и произвоствени погони, сакаме да ја известиме јавноста дека, Општината е во секојдневна комуникација со Државниот инспекторт за ЖС и сопствениците на хотелите и произвоствените погони. Некој од погоните веќе имаат изработено елаборати за заштита на животната средина, а некои се во постапка на изработка. (добро е да се напомене дека споменатите хотели се градени уште од времето на поранешна Југославија). Но како и да е, Општина Маврово и Ростуше во соработка со сопствениците на овие хотели и погони ќе направи се што е во наша надлежност да се реши овој проблем и целосно се заштити животната средина, Мавровското езеро и Радика.
  • Во врска со обвиненијата за не почитување на стандардите за забрана на градба во заштитниот појас, сакаме да ја известиме јавноста дека Општина Маврово и Ростуше до сега нема издадено ниедно одобрение за градење во заштитениот појас на НП Маврово, како и 50 метри во рамките на максималната заштитна кота на Мавровското езеро.
  • Во врска со обвинувањата за нередовно собирање на смет во населените места и околу Мавровко езеро, сакаме да ја извстиме јавноста, дека, од 14.08.2020 година, депонијата Русино беше блокирана од страна на граѓанска организација Стоп – Русино, со што се наруши предходно утврдената динамика за собирање и транспортирање на сметот од Мавровскиот регион. И покрај сите напори и водени преговори за решавање на овој проблем не наидовме на решение за истото со иницијаторите на Стоп – Русино. Во истиот период почнавме со преговори за изнајдување на алтернативно решавање на овој проблем о КП Стандарт од Дебар, од кое добивме дозвола со ограничен број на транспортни тури со смет. Блокадата во Русино сеуште трае, но од Јануари оваа година редовно и навремено се собира и транспортира целиот отпад од целата територија на општината во депонијата во Дебар. За време на летниот период се направени повеќе од 20 тури со камиони со кобаст отпад (градежен шут) околу Мавровско езеро и беа спроведени повеќе акции за собирање на смет покрај патот околу Мавровското езеро. ЈПКД Маврово во соработка со Нула отпад и Пакомак организираше акции за бесплатно собирање на електронски отпад и поставени се специјални континјери за пластика.

Бидејќи пракса во новинартсвото е, пред  да се објави било каква вест, треба да се побара и став и мислење од другата страна, во овој случај од Општина Маврово и Ростуше. Поради фалтот дека не е побарано мислење на општината за овој бест, бараме нашиот демант да се објави во целост на вашиот интернет портал, како што е правило и пракса во објективното новинарство.

Во спротивно ќе бидиме приморани да постапиме според позитивните законски прописи во РСМ кои се однесуваат на клевета и навреда.

Општина Маврово и Ростуше

05.04.2021 година.