На ден 19.09.2023 година (вторник) во 12 часот во Домот на културата во Ростуше ќе се одржи промоција на книгата Реканската каза во османлиските архивски документи од XIX и почетокот на XX век” од авторот д-р Армен Жарноски, асистент – истражувач во Јавната научна установа – Институт за национална историја – Скопје, Одделение за историјата на Македонија за време на османско – турското владеење.

Промотори на книгата ќе бидат Академик д-р Драги Ѓоргиев, Проф. д-р. Билјана Ристовска-Јосифовска и Проф. д-р. Хасан Џило.

Ве покануваме да присуствувате на промоцијата на оваа книга.