Денеска во просториите на СОУ „Маврово – Ростуше“ во Ростуше се одржа презентација на проектот „Одбиј работа на црно“ што го спроведува Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување на Република Македонија, како и Агенцијата за привремени вработувања „Мотиви“ и општините што се вклучени во овој проект. Целта на овој проект е да се запознаат вработените во училиштата со основните права од Законот за работни односи, Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за агенциите за привремени вработувања, и другите закони од областа на трудот , како и концептот на приватно агенциско работење. Преку едукацијата на овие лица и нивно запознавање со основните прва од работниот однос ќе се овозможи тие понатаму да ги насочуваат младите на пазарот на трудот да се вклучат во формалната економија, со цел да ги заштитат своите права. Проектот се организира во 34 општини во Македонија, и ги вклучува сите средни училишта. Овој проект е дел од активностите на Акцискиот план за намалување на сивата економија. -Самиот проект е поделен во две фази. Значи првата фаза ги вклучува професорите, класните раководители на учениците од трета и четврта завршна година. Во втората фаза која што ќе почне да се реализира некаде во февруари и март наредната година ќе бидат вклучени самите ученици.,Голем дел од младите, пред се средношколци ги знаат нивните права и обврски во процесот на вработување. Анкетите спроеведени во средните училишта покажуваат дека најголемиот дел од нив не би прифатиле работа без договор, но и покрај тоа работа на црно се нуди, но и се бара.
Проектот „Одбиј работа на црно“
