Select Page

Проекти

Проекти

Стратегиска оценка за животната средина

Во просториите на Средното Општинско Училиште Маврово - Ростуше извршена е јавна расправа по извештајот за стратегиска оценка за животната средина за локална стратегија за климатски промени за Нашата Општина односно извршена е презентација на документот за Општинска стратегија за климатски промени на Општина Маврово и Ростуше. На јавната расправа свое учество зеде Градоначалникот Мукрем Мехмеди, членови на работните тела кои придонесоја за успечно изготвување на извештајот и стратегијата, преставници од образовниот сектор, администрацијата како и граѓани од сите населени места во Нашата...

Започна изградбата на двата еко – пазари

Во присуство на Градоначалникот Мукрем Мехмеди, преставници на Европската Унија, Градоначалникот на Општина Ѓинар - Албанија која е наш партнер во овој проект за прекугранична соработка, директорите на НП-Маврово и ЈКПД-Маврово како и голем број производители на ЕКО производи од Долнореканскиот и Мавровскиот регион се отпочна со изградба на пазарите кои се дел од ИПА - Програмата за прекугранична соработка на ЕУ помеѓу Општина Маврово и Ростуше од Македонска страна и Општина Ѓинар од Албанска страна преку проектот ''Промоција на еко производи во прекуграничната област''. Двата пазарa во Маврово-Ростуше треба да бидат готови до крајот на годинава и, според градоначалникот на општината Мукрем Мехмеди, со нив треба да се реши долгогодишниот проблем со немање пазарен простор поради што жителите од општината ги посетувале пазарите од околните места за да можат да набават производи за своите домаќинства или да продадат производи кои самите ги произведуваат. Капацитетот на пазарот кај Ростуше...

Македонија без отпад – 2015

По повод Еколошкиот ден што го одбележува Република Македонија како проект ''Македонија без отпад - 2015'', Општина Маврово и Ростуше, Јавното Комунално Препријатие - Маврово, Националниот Парк - Маврово и Општинските образовни институции на 3.10.2015 година (Сабота) заедно ќе организираат голема еколошка акција во која покрај вработените во овии институции ќе биде вклучена и механизација за одстранување на отпадите кои ги има во неколку таканаречени диви депонии на територијата на Општината. Во оваа голема еколошка акција ќе се чисти на атарите на селата Ростуше, Велебрдо, Требиште и Битуше, за таа цел ги информираме сите граѓани кои сакаат да бидат дел од оваа еколочка акција моѓе да ни се приклучат утре на овие локалитети од 9:00 часот наутро....

Проект за заштита и спасување од пожар

Републичкиот црвен крст во соработка со Турската црвена полумесечина изведе вежба во Основното Училиште Ѓорѓи Пулески од Ростуше за заштита, спасување и евакуација на ученици и друг персонал од учулишната зграда при евентуален пожар или други несакани елементарни непогоди. Овој проект траеше неколку месеци во обука и едукација на учениците и професорите од Средното и 4 основни учулишта во општината. Предходно беше презентиран планот и подготвените елаборати во кој прецизно беше укажано како секоја единка ќе си ја знае својата задача и дејствување при евентуална елементарна непогода или...

Избрана најдобрата мавровско – реканска пита

Во рамките на манифестацијата ,,Летен културен бран 2015“, што го организира Општина Маврово и Ростуше , во Ростуше се одржа и изборот на најдобрата Мавровско – Реканска пита. Учество зедоа над 60-тина учеснички од оваа општина, жири комисијата за најдобра пита ја избра питата што ја подготви Билјана Трпоска од Врбен. Манифестацијата ја отвори Градоначалникот Мукрем Мехмеди, кој нагласи дека оваа активност има за цел промовирање на одличното приготвување на храна особено реканските пити кои ги приготвуваат домаќинките од овој крај, како и развивање на туризмот во Нашата Општина. Во рамкиите на оваа активност голем број на туристи од земјава и странство ги посетија водопадите кај Дуф, а познати Мајовци од Дебар имаше свој традиционален настап на сред село. Оваа манифестација со голем интерес ја проследија и голем број на печалбари од реканскиот регион кои работаат во Италија, Германија, Швајцарија и други земји на ЕУ, а кои моментално се...

Традиционален избор на најубавата Мавровско – Реканска пита

На 22.08.2015 година (Сабота) ќе има традиционален избор на најубавата Мавровско - Реканска пита. Во 10 часот ќе има Пречек на гостите во с.Ростуше 11 часот Организирана тура за посета на водопадот Дуф 13 часот Дегустација, Избор и прогласување на најдобрата Мавровско-Реканска пита и доделување на награди во Кафе Бар - Центар...

ECO GREEN WEEKEND ВО МАВРОВО

ECO GREEN WEEKEND ВО МАВРОВО Во петок, сабота и недела (07; 08; и 09. август ) во покровителство на Градоначалникот Мукрем Мехмеди во Маврово ќе се оддржи 3-от Еко Грин Маврово Викенд (Eco Green Mavrovo Weekend). Уште една година, прекрасната природа на Маврово ќе биде биде домаќин на сите посетители кои што сакаат да кампуваат, да се забавуваат, рекреираат и целосно да се препуштат на преубавите места во и околу Маврово. Сите се поканети и добредојдени во Маврово од петок наутро, совршеното време за поставување на вашиот шатор. Сите настани и активности од забавно рекреативен карактер ќе се случуваат веднаш до објектот Спорт Центар Маврово. Тука сите гости ќе можат да кампуваат и да бидат сместени веднаш до главните случувања. Првиот ден од Еко Грин Викендот во Маврово пред се' ќе биде исполнет со музичка програма, а за забавата задолжени се План Г, Диџеј Зомакс, Лефанк, Ана Мало &...

Рекреативен викенд во Маврово

Традиционално и оваа година покровител на Рекреативната Маврово Тура и другите забавно рекреативни игри кои ќе бидат овој викенд во и околу Маврово и Мавровското езеро и падините на Бистра ќе биде Општина Маврово и Ростуше. ПРОГРАМА ЗА 13.06.2015 (САБОТА) - Професионална велосипедска тура (линкови за регистрацијаkondev@bikestop.com.mk; info@energi-cycling.mk) - Kids corner настан со лулашки (катче за деца) - целодневна програма со содржини интересни за најмладите; ПРОГРАМА ЗА 14.06.2015 (НЕДЕЛА) - Рок бенд; - Рекреативна тура околу Мавровско езеро со почеток од 11 часот; - Посета на пештерата Шаркова дупка од 13 - 16 часот; - Искачување на Бистра со жичарата на ски центарот Заре...

52’ри Мавровски Меморијал

На Бистра, на патеката „Мирна долина“ на Маврово, викендов ќе се одржи 52. издание на меѓународниот натпревар во нордиско скијање „Мавровски меморијал“. Мавровскиот меморијал како еден од неколкуте најважни купови, од овој тип, во Европа, со особен придонес за промоција и афирмација на Маврово и Република Македонија. Радува фактот што во знак на добро организираните досегашни натпревари, од балкански – регионален куп, Мавровскиот меморијал прерасна во континентален – европски куп со признание од Интернационалната скијачка федерација (ФИС) и што токму нашиот куп се вбројува во еден од најзначајните во Европа од овој тип. Седум држави го потврдија своето учество, покрај Македонија, свои натпреварувачи ќе имаат Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија и Турција. Бројот на учесници е 54, од кои 35 во машка и 19 во женска конкуренција исто така најавени се 18 домашни натпреварувачи, од нив 15 мажи и 3 жени. Главни покровители се Агенцијата за млади...

Информации од Јавен Карактер

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

4-ти Мај 2023

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking