Проекти
Проект за локална регионална конкурентност
роект за локална регионална конкурентност – План за управување со животната средина и социјалните аспекти за потпроектот: Развој на туризмот во Мавровската долина Општината Маврово и Ростуше како носител на под-проектот и партнерот во под-проектот ЈУ Национален Парк “Маврово” во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“ поддржан од страна на ЕУ, администриран од Светска Банка и спроведуван од Кабинет за Заменик Претседател на Владата задолжен за Економски Прашања – КЗПВЕП, проектна компонента „Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите“ го изготви под-проект “Развој на туризмот во Мавровската долина ” со цел развој на туристичкиот потенцијал на општината Маврово и Ростуше и Националниот парк “Mаврово” преку отварање на три излетнички локации, уредување на велосипедски и планинарски патеки, уредување на патеката која води до познатиот водопад Дуф кај с. Ростуше, и поставување на набљудувачници за диви животни со што ќе се збогати туристичката понуда во овој регион. Општината Маврово и Ростуше и партнерот во под-проектот...
Проектот МСИП
Преку проектот МСИП - Подобрување на општинските услуги, Министерството за Финансии на Општина Маврово и Ростуше и додели грант во вредност од 1.862.999 денари од компонента Ц “Инвестициски грантови”. Општината овие срества ги искористи за набавка на повеќе наменско возило - трактор, кој е опремен со соларка, корпа за чистење снег и мулчер. Тракторот беше набавен преку јавен повик во согласност на процедурата на Светска банка. [gallery link="file" size="medium"...
ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)
Повик за поднесување на понуди (ППП) РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP) MSIP-NCB-096-19 Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година. Република Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за набавка на трактор. Општина Маврово и Ростуше ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка на возило - трактор да ги достават своите запечатени понуди. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства...
Проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион
Градоначалникот Медат Куртовски денеска учествуваше на промоција на проектот за подобрување на управувањето со цврст отпад во Полошкиот регион. Деветте општини од Полошкиот регион спроведуваат проект за интегрирано управување со отпад финансиран од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања - SECO со грант придонес од 1,9 милиони швајцарски франци. Проектот е дизајниран да се имплементира во две фази, т.е фаза 1 на проектот обезбедува техничка помош за развој на рамковните услови за ИСО систем во регионот, додека фаза 2 на проектот ќе се фокусира на реализација на регионални инвестициски мерки и потребна институционална подршка. Проектот е дизајниран да обезбеди напредни решенија за управување со отпад, базирани на концептите и стандардите според ЕУ стандардите. На промоцијата присуствуваа и Министрите за Животна Средина Садула Дураки и Министерот за Локална Самоуправа Сухејл Фазлиу како и Амбасадорката на Швајцарија. Регионалната депонија Русино со имплементација на овој проект ќе стани регионална современа депонија со...
Избор на најдобра мавровско-реканска пита
Денес 29.07.2018 година во с.Ростуше, се одржа долгогодишниот традиционален настан “Избор на најдобра мавровско-реканска пита“, на настанот со сопствено изработени традицинални пити учествува повеќе од 70 жени од сите населени места на општината, од кои 30 влегоа во потесниот круг за избор на најдобра пита, настанот беше посетен од страна на голем број на жители од државата, меѓу кои најзастапени беа гостите од Скопје од “Скопско културо лето“, настанот беше збогатен и со културно-уметнички точки, пред се со зурли и тапани од познатите “Мајовци“ од Дебар. Во вечерните часови со почеток во 21.00 часот ќе се одржи и целовечерна музичка забава (игранка) со музика во живо во центарот на с.Ростуше. [gallery columns="2" link="file" size="medium"...
Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП
Република Македонија Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП ИПА инвестициски грантови MSIP-IPA-NCB-053-18...
Галичка Свадба
Маврово Тура
Ве покануваме на овогодинешната манифестација „Маврово Тура“, која што по десетти пат ќе се одржи на 18-ти јуни 2017 година. Во рамките на манифестацијата предвидени се професионални и рекреативни трки околу Мавровското Езеро и падините на планината Бистра, со што љубителите на велосипедизмот ќе имаат можност да уживаат во природните убавини на регионот. Место на настан: плоштад, с. Маврово. Почеток на маратонските трки: 09:00 часот – Големиот маратон; 09:30 часот – Малиот маратон. 11:00 часот – Рекреативна трка околу Мавровското Езеро *Со купување на маица од настанот, присутните ќе имаат можност да се возат бесплатно на жичарницата до планината Бистра, да ја посетат пештерата Шаркова Дупка и да учествуваат во лотарија на која ќе бидат доделени повеќе...
Отворени двата еко-пазари во Маврово и Ростуше
Отворени двата еко-пазари во Маврово и Ростуше како дел од проектот „Промоција на ко-производи во прекуграничната област“ Денес во Маврово, Општина Маврово и Ростуше се отвори пазар за продажба на еко и органски производи. Повеќе од дваесет производители и собирачи на еко-храна и органски производи ги изложија своите производи пред домашните и странските посетители и туристи. На тезгите можеа да се најдат најразлични производи кои носат печат од ова чисто поднебје како што е мавровското овчо и козјо сирење и кашкавал, разни џемови и слатка произведени од самоникнати плодови, мед, чаеви и многу други видови на диворастечки растенија. Освен во Маврово, изграден е и еден еко-пазар кој поседува капацитет од вкупно 50 тезги кој допрва се планира да биде пуштен во употреба. Двата еко-пазари беа изградени со поддршка на Европската Унија во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Имплементатор на проектот е Општината Маврово...
Стратегиска оценка за животната средина
Во просториите на Средното Општинско Училиште Маврово - Ростуше извршена е јавна расправа по извештајот за стратегиска оценка за животната средина за локална стратегија за климатски промени за Нашата Општина односно извршена е презентација на документот за Општинска стратегија за климатски промени на Општина Маврово и Ростуше. На јавната расправа свое учество зеде Градоначалникот Мукрем Мехмеди, членови на работните тела кои придонесоја за успечно изготвување на извештајот и стратегијата, преставници од образовниот сектор, администрацијата како и граѓани од сите населени места во Нашата...