Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша Мукрем Мехмеди и Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски денеска го посетија градилиштето на регионалниот пат Маврово – Маврови Анови, каде е во тек рехабилитација на патот и санација на свлечиштето. Поставувањето асфлат на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови се предивидува да заврши до крајот на ноември. Од почетокот на работите асфалтирана е половината од делницата, а пешачката патека е речиси готова. Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски при денешната посета на Маврово информира дека досега се комплетирани 2,5 километри, а подготвени за асфлтирање се уште 1,5 километар. Рехабилитацијата на „тесното сообраќајно грло” на обиколниот пат околу Мавровското Езеро се реализира по барање на локалната самоуправа Маврово и Ростуша. Градоначалникот Мукрем Мехмеди, нагласи дека со реконструкцијата и проширувањето на оваа сообраќајница очекува подобрување на туристичката понуда и животот на жителите во мавровскиот регион.
Продолжуваат градежните работи на патот Маврово – Маврови Анови
