Продолжија градежните работи на уредувањето на кругот околу зградата на Средното Општинско Училиште Маврово-Ростуша, се со цел да се подобрат условите за поуспешно образование на нашите деца кои своето образование решиле да го продолжат во единственото средно училиште кое го имаме на нашата територија.
Директорот на Средното Општинско Училиште, Бајрам Требишки изјави дека во соработка со Градоначалникот, Мукрем Мехмеди инвестициите околу подобрување на условите во образовниот процес за нашите ученици ќе продолжат и во понатамошниот период.

sredno uciliste