Почитувани,

Општина Маврово и Ростуше согласно насоките добиени од страна на Министерството за финансии, а врз основа на Законот за Буџети и Законост за финансирање на единиците на локалната самоуправа го започна процесот на изработка на нацрт-буџетот за 2023 година.

Со цел да се активираат жителите во процесот на креирање на буџетот на општината и да се алоцираат средствата во согласност со нивните потреби, креиран е прашалник преку кои ќе можете да партиципирате во утврдување на приоритетите во Буџетот на Општина Маврово и Ростуше за 2023 година.

Прашалникот се состои од неколку кратки прашања и истиот нема да ви одземе повеќе од 10 минути.

Општина Маврово и Ростуше однапред Ви се заблагодарува за вашето одвоено време.

https://forms.gle/eSPCTmPGdhNEcUGk8