Во сите основни и подрачни училишта како и во средното општинско училиште денеска започна новата учебна година.

На сите ученици, родители, наставници и директори им посакуваме пред се здравје и среќа и успешен почеток на наставно-образовниот процес во оваа учебна 2023-2024 година. Годината да биде исполнета со учење, другарство, радост и успех.

И оваа година од страна на општината на сите првачиња ќе им биде доделена еднократна финансиска помош во вредност од 3.000 денари.

Претходни беше извршена дезинфекција на сите училишни објекти во општината.