Денес во резиденцијата на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во својство на покровител на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)”, се одржа свечена церемонија по повод потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу носителот на проектот, Здружението за развојни иницијативи – Геостратешки институт „Глобал” – Скопје и градоначалниците на општините Маврово-Ростуша, Велес,Карпош, Ново Село, Охрид и на Свети Николе, кои се вклучени во проектот.

Целта на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)” е промовирање на спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се зацврстуваат меѓуетничките односи во Република Македонија. Проектот кој се одржува трета година по ред, и е поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, има за цел да влијае за надминување на стереотипите и предрасудите, и суштински да придонесе за градење на дух на толеранција, заедништво и почитување кај младите во Република Македонија.
Оваа година, проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)” ќе се реализира во периодот од јуни до ноември 2014 година преку спортско-културни манифестации во секоја од наведените општини. 

mukrem 111 mukrem1111