Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Маврово и Ростуше и Здружение за унапредување на меѓусебна соработка ТАКТ од Скопје.
Со потпишувањето на овој Меморандум се одразува вољата и подготвеноста на двете страни за остварување на долгорочна соработка на полето на подобрување на природниот, туристичкиот и културниот потенцијал за спортски и авантуристички туризам како и развој на програми и производи за поттикнување на мали и средни препријатија вклучени во секторот спортски туризам.
Целта со потпишувањето на овој Меморандум е меѓусебна соработка и реализација на активности, проектни работилници, состаноци, обуки, конференции и друг вид на активности кои ќе придонесат кон подобрување на природниот, туристичкиот и културниот потенцијал за спортски и авантуристички туризам во Нашата Општина.