Денес беше потпишан Договор за воспоставување на Заедничко административно одделение за управување со води и ризици од поплави, од страна на градоначалниците на општините во Полошкиот плански регион.

Со овој договор се уредува интегрирано управување со подрачјата на речниот слив на река Вардар и Црнодримскиот
речен слив опфаќајќи го само подсливот на река Радика и опфаќа формулирање активности и мерки за заштита и одбрана од поплави, заштита од ерозија и
порои, одбрана ‭ ‬од замрзнување на ‭ ‬површинските водни тела, како и ‭ ‬отстранување на
последиците од таквите штетни дејства на водите во општините од Полошкиот плански регион.

Активноста се реализираше во рамки на проект, финансиски и технички поддржан од швајцарската влада и спроведуван од УНДП во соработка со МЖСПП и други национални институции.