Во домот на култура во с. Ростуша, Градоначалникот, Мукрем Мехмеди учествуваше на шестата форумска сесија со претставници од Центарот за Институционален Развој (ЦИРа) и претставници од месни заедници од повеке населени места од нашата општина. На последната форумска сесија градоначалникот, Мехмеди ги презентираше трите проекти: 1. Реконструкција на потпорен ѕид на улица во долно маало во с. Ростуша, и поставување на заштитна мрежа и ограда на локален пат за с.Требиште. 2. Изградба на трибини на спортско игралиште во ОУ “Денче Дејаноски” 3. Набавка и поставување на двокрилни корпи за отпадоци по населени места на територијата на општината. Кои беа реализирани со заеднички средства на Општина Маврово и Ростуша и Швајцарската амбасада, а воедно искажа голема благодарност до сите оние кои допринесоа овие проекти да бидат навремено реализирани и со надеж другите предлог проекти кои произлегоа од форумите во заедницата да бидат реализирани во понатамошниот период со што би се подобриле условите за живеење во нашиот регион.
Последната Форумска Сесија
