Градоначалникот Медат Куртовски заедно со директорката на детската градинка Ајрие Дачи беа во посета на детската градинка во Скудриње, која што е во склоп на детската градинка “Брешиа” во Дебар.
Во оваа градинка годинава се опфатени дванаесет дечиња од село Скудриње.
Како и секоја година така и оваа општината донира потребни материјали и средства за подобро организирање на активностите на децата во градинката.
Детската градинка во Скудриње почна со работа во октомври 2018 година и досега се згрижени вкупно над 60 деца.









