Почитувани,

Општина Маврово и Ростуше Ве поканува на четвртата форумска сесија во рамки на Проектниот форум што ќе се одржи во Дом на култура во Ростуше, на ден 30.01.2024 година (вторник), во 11:00 часот.

Проектниот форум се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Маврово и Ростуше.

Целта на проектниот форум е поддршка на учеството на граѓаните во развојот на заедницата и донесувањето на одлуки на локално ниво.

На четвртата форумска сесија учесниците ќе имаат можност предложените проекти да ги приоретизираат и најприоритетните да аплицираат за реализација во рамки на проектниот фонд од 50.000 УСД обезбедени од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) – Швајцарска амбасада.

Вашето присуство, активно учество и Вашиот придонес ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум.

Прилог: Агенда

Со почит,

ГРАДОНАЧАЛНИК на

ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ

Медат Куртовски