Почитувани,

Општина Маврово и Ростуше Ве поканува на Втората форумска сесија во рамки на Проектниот форум што ќе се одржи во Дом на култура во Ростуше, на ден 29.11.2023, во 11:00 часот.

Проектниот форум се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Маврово и Ростуше.

Целта на проектниот форум е поддршка на учеството на граѓаните во развојот на заедницата и донесувањето на одлуки на локално ниво.