Почитувани,
Неодамна Општина Маврово и Ростуше и Владата на Република Северна Македонија потпишаа Договор за соработка во областа на Дијаспората, со кој е предвидено отворање на канцеларија за соработка со Дијаспората “ЦЕНТАР ЗА ДИЈАСПОРА”, кој ќе има функција да ги информира и помага нашите луѓе од дијаспората за сите нивни права и обврски за време на престојот во матичната земја, да придонесе за создавање база на податоци за сите здруженија активни во дијаспората, со акцент на економската и научната дијаспора, да потикнува соработка на локални организации со организации од дијаспората за заеднички проекти и друго.
Ги повикуваме сите активни здруженија од дијаспората, до Општина Маврово и Ростуше да достават податоци за сопствената организација кои ќе бидат потребни за креирање База на податоци за здруженијата на нашинците од целиот свет.
Сите информации, прашања и предлози да се проследат до лицето Илбер Имероски, Советник за меѓународна соработка во Општина Маврово и Ростуше кој воедно е и овластено лице за соработка со Дијаспората на следните контакти:
e mail: ilber.imerovski@gmail.com / тел: 00389 78 381 298 / Viber, WhatsApp, etc
ГРАДОНАЧАЛНИК
Медат Куртовски